АктивностиАктуелноНАЈНОВООпштоПроекти

Јавен повик за придонес со едукативни содржини, Национален центар за безбеден интернет за деца и младинци

MkSafeNet – Заедно до побезбеден дигитален простор за децата и младите!

Почитувани воспитувачи, наставници во основно и средно образование, професори во високото образование. Почитувани младински работници, претставници на организациите кои работат со деца и млади, претставници на организациите кои работат на подобрување на образованието и едукацијата, како и други претставници на граѓанскиот сектор.

Ни претставува особена чест доколку и Вие ни се придружете во создавањето на првиот Национален центар за безбеден интернет за деца и младинци – MkSafeNet. Целта ни е заедно да придонесеме во подигнување на свеста за ризиците по децата и младите на интернет, како и за нивната заштита во дигиталниот простор.

За нашата работа да биде поуспешна потребен е сеопфатен информативен и едукативен материјал, кој со овој повик се надеваме да го собереме во база на ресурси. Оваа база на знаење на MkSafeNet центарот, ќе ги поттикне децата и младите да имаат безбедни онлајн искуства, но и ќе ги поддржи со знаење и информации тие кои се грижат и работат со нив. Базата на ресурси за поддршка на родителите, старателите, наставниците, воспитувачите и другите чинители кои работат со децата и младите ќе биде јавно достапна до сите, и пристапот до ресурсите ќе биде бесплатен.

Како можам да придонесам?

Доколку во изминатите 5 години сте развиле материјал на темата за безбеден интернет, каде вие или вашата установа е автор или ко-автор, а кој што би сакале да го споделите со вашите колеги преку лиценцата на Creative Commons (CC), ве молиме пополнете го формуларот подолу. Материјалите може да се поднесат на различни формати, со приложување на линк до ресурсот, и на различни јазици.

ЛИНК ДО ФОРМА

Заштита на авторските права со користење на Лиценцата Creative Commons (CC). Лиценцата Creative Commons (CC) е една од неколкуте јавни лиценци за авторски права што овозможуваат бесплатна дистрибуција на инаку заштитено „дело“.

Повеќе за проектот:

Главната цел на проектот MKSafeNet е да ги зајакне националните капацитети за давање совети и поддршка на децата, младите, родителите/старателите, наставниците и образованието, како и другите засегнати страни, за прашања поврзани со употребата на дигиталните технологии и услуги од страна на децата, како и да се зајакне поддршката за жртвите на сајбер малтретирање.

MkSafeNet се реализира во следните 18 месеци и вклучува студија со акциски план за конкретни обврски на секој од засегнатите чинители, формирање на центар за подигнување на свесноста од заканите на интернет, телефон за помош (Helpline), младински панел и советодавен одбор.

Проектот е кофинансиран од Европската Унија преку програмата Дигитална Европа (DEP) и Националните фондови на Република Северна Македонија.

Лична карта на проектот

Број на грант: 101158811

Почеток: 1-ви Септември, 2024.

Времетрање на проектот: 18 месеци.

Координатор: Министерство за дигитална трансформација