Новости

C3I Скопје учествуваше на Регионалната Работилница за Сајбер просторот и Безбедносните предизвици

[:mk]Сајбер-предизвиците, мерките за ублажување на сајбер-ризиците и финансискиот криминал, како и техничките, правните и политичките димензии на сајбер-одбраната беа темите на Регионалната Работилница насловена „„Сајбер-просторот и безбедносните предизвици по НАТО и партнерите“, која, во ко-организација на Министерството за одбрана на Република Македонија – Сектор за човечки ресурси и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски – Скопје“  во Министерството за одбрана, се одржа на 14 и 15 декември 2015 година во Домот на АРМ, Скопје.

Во рамки на настанот, претставници на C3I Скопје одржаа предавања поврзани со предизвиците од сајбер заканите, заштита на банкарскиот и финансискиот сектор од идни сајбер напади, како и предавање за поврзаноста и односот помеѓу сајбер безбедноста и заштитата на лични податоци.

Учесници на работилницата беа претставници на Министерството за одбрана, Министерствата за внатрешни и надворешни работи, повеќе Дирекции и Агенции, НВО, како и претставници од Албанија, Косово и Бугарија.[:en]Cyber challenges, the measures for mitigating the cyber risks and the financial crime, as well as the technical, legal and political dimensions of cyber defence were the topics of the regional workshop “Cyber Space and NATO and Partner countries security challenges”, which is being co-organized by the Ministry of Defence Republic of Macedonia – Department for Human Resources and the Military Academy “General Mihailo Apostolski – Skopje” in the Army Hall, Skopje.

During the event, the representatives of C3I Skopje gave lectures on Challenges in the Cyberspace, Protection on Banking and Financial Sector from future cyber attacks, as well as on the relation between Cyber security and Personal Data Protection.

Representatives from the Ministry of Defence, the Ministry of Interior, the Ministry of Foreign Affairs, a number of Directorates and Agencies as well as NGOs and representatives from Albania, Kosovo and Bulgaria were participants in this workshop.[:]

Напишете коментар