Заштита на личните податоци
Личните податоци, како компонента на правото на приватност, се нераскинливо поврзани и го определуваат идентитетот на индивидуата. Оттука, тие можат да бидат мошне „моќна алатка“ за идентификување на најразличните професионални и приватни преференции на оној кому му припаѓаат! Имено, тие „зборуваат“ за музиката што ја сакате, спортот што го практикувате, укажуваат на што трошите најголем дел од вашите пари, каква е вашата здравствена состојба, ги откриваат вашите политички уверувања и тн. Кога на тоа ќе се додадат современите технолошки достигнувања, социјалните мрежи, трансферот на податоци во дел од секунда, он-лине трговијата, и целокупната електронска комуникација што луѓето секојдневно ја остваруваат, може да се заклучи дека личните податоци „зборуваат“ многу повеќе и погласно за нас отколку што сме воопшто свесни за тоа!
Поаѓајќи од огромното значење што личните податоци го имаат за секој поединец, а оттука и нивната ранливост доколку се најдат во „погрешни раце“, C3I го насочува своето работење кон јакнење и зголемување на општата јавна свест. Притоа, особен акцент ќе биде ставен на проширување на информираноста кај различни општествени популации во однос на значењето на личните податоци, потенцијалните закани и можните злоупотреби, самопомошта и самозаштитата. Покрај тоа, C3I се фокусира на одредени сектори, правни лица, организации (на различни нивоа во нивното функционирање), со цел длабинско запознавање и воведување на стандардите за заштита на личните податоци во соодветната област.
C3I ги нуди следните експертски / консултантски услуги:
- Организирање на општи и специјализирани (секторски) обуки за заштита на личните податоци (правни лица, организации, институции и др.)
- Креирање и спроведување кампањи за јакнење на свеста за заштита на личните податоци
- Изготвување на Privacy Impact Assessment
- Развивање на Privacy by Design концепт
- Спроведување истражувања за потребите на правни лица, организации, институции и др.