Претставници на C3I учествуваа на 38-от Регионален состанок на DPPI SEE, 16-17.04.2019, Тирана, Албанија
Една од првите активности што следеа по потпишаниот договор меѓу CIMA Research Foundation и C3Initiative за прибирање и обработка на податоци за seeKMS платформата http://seekms.dppi.info/, беше учество на 38. регионален состанок на DPPI SEE. За време на состанокот учесниците од C3I направија дополнителна координација со претставниците на CIMA, Programme for Disaster Risk Assessment and Mapping (IPA DRAM) and Disaster Preparedness and Prevention Initiative for South Eastern Europe (DPPI SEE) со цел успешна реализација на потпишаниот договор.
Заклучоците од 38-от Регионален состанок се осврнаа на изработка на долгорочниот план за развој на Иницијативата; зајакнување на процесот на планирање во делот на програмата за обука; активирање на работната група за развој на проекти, како и разгледување на можностите за усвојување и концепт на употреба на резултатите и продуктите произлезени од IPA DRAM проектот.