Иницијативата за Сајбер безбедност, Корпоративнат безбедност и Кризен менаџмент – C3I дел од светската елита во глобалната иницијатива за евалуација на ефективноста во справување со насилниот екстремизам на локално рамниште
Иницијативата за Сајбер безбедност, Корпоративна безбедност и Кризен менаџмент – C3I беше дел од работилницата која е продолжение на глобалната иницијатива за евалуација на ефективноста во справување со насилниот екстремизам на локално рамниште, предводена од тим на експерти од Школата за Јавно здравство при Универзитетот „Харвард“, Департментот за домашна безбедност на САД, Институтот за идни студии од Шведска, а сето тоа поддржано од страна на НАТО Програмата Наука за мир и безбедност. Работилницата која требаше да се одржи во Република Северна Макеоднија, заради пандемијата беше одржана виртуелно. Оваа работилница беше основа за промоција на идејата за омасовување на глобалната иницијатива и формирање на конзорциум кој ќе работи на унапредување на техниките за евалуација на ефикасноста и перформансот на постоечките владини стратегии и програми за справување со насилниот екстремизам. Благодарение на C3I, и државата стана дел од оваа иницијатива заедно со уште 21 земја. Исто така благодарение на C3I Република Северна Македонија беше официјален домаќин на оваа работилница, а со тоа влезе помеѓу 4 земјие заедно со САД, Канада и Шведска каде ќе има имплемнтација на ова програма, по потпишувањето на договор за спроведување на симулациска вежба за развивање на групни номинални техники за справување со насилен екстремизам, на почетокот на септември оваа година. Како говорници на работилницата кои им се обратија на 60те учесници – експрти од областа од 22 земји од светот беа: Елена Саволија од Харвард, (САД), Ана Ексртом од Институтот за идни студии (Шведска), Ејуп Турмус, од НАТО, (НАТО Наука за мир и безбедност), Џесика Стерн, (Харврад и Универзитетот во Бостон (САД), Амир Ростами од Универзитетот за идни студии (Шведска), Ричард Леголт од Департментот за домашна безбедност на САД, и Дениз Бетен исто така од НАТО.