НАЈНОВООбукиРаботилници

Тимот на C3I започна со реализација на дводневна TTX сајбер вежба

Со поддршка на Стејт департментот на САД, CRDF GLOBAL и Иницијативата за сајбер и корпоративна безбедност и кризен менаџмент – C3I Скопје, во партнерство со Воената академија, Генерал Михаило Апостолски -Скопје, започна да ја реализира Tabletop Exercise – TTX која е наменета за сајбер професионалци од CERT/CSIRT, клучен јавен и приватен сектор поврзан со сајбер-безбедноста, вклучително и провајдери поврзани со критична инфраструктура од Република Албанија, Република Косово и Република Северна Македонија.

Професор д-р Митко Богданоски го отвори настанот со воведно обраќање како и воведна презентација на тема „Соочување со современите предизвици за сајбер-безбедност“. Следното воведно предавање е од м-р Марјан Стоилковски на тема „Векторите за сајбер напади и истрага за сајбер криминал (поврзано со подготвено сценарио)“. Првата сесија, со врвни воведни предавања се заокружи со презентација на темата „Стратешките и правните аспекти на управување со одговорите на сајбер-загрозените закани“, која ја презентираше проф. д-р Методи Хаџи-Јанев.

Во текот на утрешниот ден учесниците ќе се борат со сценариото дизајнирано да одговара на целните земји динамика во сајбер-безбедноста, критична инфраструктурна заштита и предизвици за сајбер -одбрана.