АктуелноВо медиумитеНовостиПроектиРаботилници

Успешно реализирана првата LTTA активност од проектот “Public-NGO Cooperation in Combating Addiction in Times of Crisis and Disaster”

Во периодот од 25 до 30 април 2025 година, претставници C3I учествуваа на првата LTTA активност од Еразмус+ проектот „Joining Forces Against Addiction: Public-NGO Partnership in Battle“, која се одржа во Ескишехир, Турција.

Домаќин на настанот беше Ескишекир провинцијален директорат за фамилијарни и социлајни сервиси, а во активностите, покрај C3I, учествуваа партнерските организации Sirius – Центар за психолошко советување, едукација и истражување од Хрватска, Кириккале Валилиги – Канцеларија за ЕУ и надворешни односи.

Настанот опфати 6 дена обука и посети во рамки на кои беа организирани работилници, инфо-сесии, практични активности и посети на релевантни институции кои работат на спречување и лекување на зависности. Меѓу нив беа YEDAM (Центар за советување при зависности) и Huzurköy (Село на мирот). Учесниците исто така имаа можност да ги посетат и градовите Ескишехир и Бурса, каде што се запознаа со добри практики во соработката помеѓу јавните институции и невладиниот сектор.

Активностите беа насочени кон унапредување на знаењата и вештините за справување со проблемите на зависностите, особено преку промовирање на јавната и граѓанската соработка како и анализа на механизмите за рано предупредување за време на кризи и катастрофи.

Во рамки на активноста, партнерските организации имаа можност да ги претстават своите проекти и активности пред градоначалникот на Ескишекир и претставници на повеќе јавни и граѓански институции, со што се зајакнаа можностите за понатамошна соработка и заеднички иницијативи.

Следната ЛТТА активност ќе се реализира во Македонија, под организација на C3I, каде што учесниците ќе имаат можност да се стекнат со знаења и практични вештини во областите кризен менаџмент, лидерство, справување со конфликти, како и обука за креирање концепт мапи и инфографици. Како дел од обуката, ќе се изработат 6 тематски инфографици поврзани со целите на проектот, кои ќе се користат за понатамошна едукација и информирање на пошироката јавност.