Учество на C3I Скопје на „Маршал Центар Безбедносен Форум – Охрид 2015“
[:mk]Во периодот 26-30 август 2015 година во Охрид се одржа “Маршал Центар Безбедносен Форум – Охрид 2015”, на тема „Транснационалните закани: Одговорот на НАТО и нациите“. На настанот, организиран од Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии Маршал Центар, НАТО Колеџот во Рим и Маршал Центар-Република Македонија, предавање на тема „Регионални капацитети за сајбер одбрана: Република Македонија“, одржа претседателот на Иницијативата за Сајбер и Корпоративна Безбедност и Кризен Менаџмент – Ц3И Скопје.
На работилницата се разговараше за новите безбедносни закани и одговорот на НАТО, како и националниот одговор на новите безбедносни закани: Тероризмот како глобална и регионална закана за безбедноста; Организираниот криминал и корупцијата во Југоисточна Европа; Регионален пристап кон енергетската безбедност и безбедноста на животната средина; Регионални капацитети за сајбер одбрана; Препораки за ЕУ, НАТО и за регионот. На настанот присуствуваа 30-тина експерти од земјите од регионот, универзитетски професори, политичари, претставници на НАТО и на дипломатскиот кор во РМ.[:en]In the period 26-30 of August 2015, in Ohrid, Republic of Macedonia, was held the “Marshall Center Security Forum – Ohrid 2015”, on the topic “Transnational threats: NATO and national response”. At the event, organized by NATO Public Diplomacy Division, European Center for Security Studies “George C. Marshall”, NATO Defense College and Marshall Center – Republic of Macedonia, a lecture on “Regional Capacities for Cyber Defence: the Republic of Macedonia”, was taken by the President of the Cyber Security, Corporate Security and Crisis Management – C3I Skopje.
The workshop focused on new security threats and the response of NATO and national response to new security threats: Terrorism as a global and regional threat to security; Organised crime and corruption in South East Europe; Regional approach to energy security and environmental safety; Regional capacities for cyber defense; Recommendations for the EU, NATO and the region. The event was attended by 30 experts from the region, university professors, politicians, representatives of NATO and the diplomatic corps in Macedonia.[:]