Претставници од C3I земаа учество во IPADRAM проектот финансиран од Европската комисија – Генерален директорат за Европска цивилна заштита и операции за хуманитарна помош
Во период Април – Ноември 2019 година, претставници од C3I спроведоа собирање и обработка на податоци за seeKMS платформата, која е дел од резултатите од IPA DRAM (Програма за проценка и мапирање на ризици од катастрофи) проектот кој е финансиран од Европската комисија – Генерален директорат за Европска цивилна заштита и операции за хуманитарна помош.
Конзорциумот за проектот беше составен од:
- Swedish Civil Contingencies Agency (MSB) како Координатор;
- Italian Civil Protection Department (DPC);
- Administration of the Republic of Slovenia for Civil Protection and Disaster Relief (ACPDR);
- National Protection, Rescue Directorate of the Republic of Croatia (DUZS);
- International Centre on Environmental Monitoring (CIMA Research Foundation).
Целта на проектот е да се зголемат можностите на крајните корисниците и да се обезбеди соодветно управување со ризик од катастрофи на национално, регионално и ЕУ ниво.
Претставниците од C3I ги спроведоа следниве активност како дел од проектот:
- Концептирање и реализација на анкета за употребата и потребата од надградби на seeKMS платформата http://seekms.dppi.info/,
- Ажурирање на содржината (документи и проектни сесии) на seeKMS платформата,
- Креирање на резиме од резултатите од анкетата и препораки за подобрување на seeKMS платформата.