Реализирана работилница-симулација на „Номинални групни техники за справувањето со насилен екстремизам““
На ден 02.09.2020 година, претставниците од C3I во соработка со ХОРИЗОН ЦИВИТАС, користејќи ја ЗООМ платформата, виртуелно ја реализираа работилницата-симулација на „Номинални групни техники за справувањето со насилен екстремизам“ во која учествуваа преку 20 учесници – релвантните актери од доменот на јавниот и граѓанскиот сектор.
Ова работилница се изведува по претходно потпишан договор со Харварад Т.Х. Чан Школата за Јавно Здравство (оригинално: „Harvard T.H. Chan School of Public Health“), при универзитетот „Харвард“, САД.
Пристапот и методологијата на номинални групни техники (НГТ) е развиена во 70те години од минатиот век како техника која озовможува структурирано групно размислување и споделување на идеи, искуства и вештини (brainstorming) со цел да се добие основа за сеопфатен пристап кон решавање на даден проблем. Пристапот на градење на капцитети преку користење на НГТ метода досега е користен во повеќе области како процес на градење на консензус за даден проблем низ неколку фази. Остварувањето на целта со примената на оваа метода се одвива преку замислено сценарио кое треба кај учесниците со експертиза од различни области/дисциплини да стимулира креативни идеи за унапредување на пристапот или решавање на соодветен проблем.
Работилницата се реализираше врз основа на претходно зададено сценарио, имајќу за цен да ги стимулира учесниците да ги размена своите ставови врз основа на нивните искуства и професионални капацитети (законски решенија, ресурси, надлежности и реална динамика на дејствување), а потоа да стимулира дебата за утврдување на предизвиците и потенцијални решенија за надминување на истите, со цел подобрување на сеопфатниот пристап кон градење на превенција на насилниот естремизам.
Работилницата предизвика позитивен одзив од учесниците, кои ја оценија како многу корисна и од истата произлегоа многу заклучоци и предлози кои во иднина ќе се искористат за реализирање на следни работилници.
C3I изразува голема благодарност до сите учесници за учеството на работилницата, а исто така и благодарност до своите членови Методи Хаџи-Јанев (координатор на активноста), Димитар Богатинов, Илиријана Зајази, Самет Шабани од Хоризон Цивитас и Марија Јанкуловска од Институтот за соработка и демократски развој кои допринесоа во безпрекорната организација и реализација на настанот.
[:en]
On 02.09.2020, C3I representatives in cooperation with HORIZON CIVITAS, using ZOOM platform, virtually conducted the workshop-simulation with a topic “Nominal group techniques for dealing with violent extremism” in which over 20 participants from the relevant public and civil society took part.
The Nominal Group Techniques (NGT) approach and methodology was developed in the 1970s as a technique that enables structured group thinking and brainstorming in order to provide a basis for a comprehensive approach to problem solving. . The capacity building approach using the NGT method has so far been used in many areas as a consensus building process for a given problem through several stages. Achieving the goal by applying this method takes place through an imaginary scenario that should stimulate creative ideas in participants with expertise from different areas / disciplines to improve the approach or solve an appropriate problem.
The workshop was based on a previously given scenario, stimulating the participants to exchange their views based on their experiences and professional capacities (legal, resources, competencies and real dynamics of action), in order to stimulate a debate which will identify challenges and potential solutions to overcome them. The aim is to improve the comprehensive approach to building prevention of violent extremism.
The workshop had a positive feedback from the participants, who rated it as very useful and it resulted with many conclusions and suggestions that will be used in the future workshops.
C3I expresses gratitude to all participants who took part at the workshop, and also thanks to its members Metodi Hadzi-Janev (coordinator of the activity), Dimitar Bogatinov, Iliriana Zajazi, Samet Shabani from Horizon Civitas and Marija Jankulovska from the Institute for Cooperation and Democracy development that contributed to the impeccable organization and realization of the event.
[:]